-3.2 C
Skopje
среда, јануари 11, 2023

Давидовски ја заокружи најуспешната сезоната во кариерата со пласман на второ место во последниот настан од највисокото по ранг натпреварување во туринг трките, гран при викендот во Џеда, Саудиска Арабија

Виктор Давидовски ја заокружи најуспешната сезоната во кариерата со пласман на второ место во последниот настан од највисокото по ранг натпреварување во туринг трките, гран при викендот во Џеда, Саудиска Арабија.

Македонскиот автомобилист во првата трка стартуваше како деветти и стигна до осмо место, а во втората трка кога првите десетмина ги ротираа стартуваше како втор. Сепак, првите три круга беа исклучително турбулентни и донесоа повеќе промени на позиции, но и неколку судири и излетувања.

– Направив грешка на стартот, едноставно притисокот беше преголем. За сите возачи ова беше нова патека и ново искуство со две трки во еден ден. Сите бевме принудени да тактизираме во првата, а потоа да дадеме сѐ од себе во втората, која воедно беше финале на сезоната. Знаев дека ако излезам напред ќе имам побрз автомобил, во смисла на тоа дека аеродинамиката на возилото нема да биде повлијаена, но испадна како што испадна, сите направија по некоја грешка во втората трка, па имав можност да се вратам во ритам. Како возач со „вајлд карта“ имав дополнителна тежина, а ја немав на располагање ни последната спецификација на надградби на менувачот, па затоа не очекував подиум. На крајот, сето ова делува како еден сон, кој што за среќа се оствари, но ќе ми треба време за да ми „слегне“.

Давидовски сезонава настапуваше по петти пат во ТЦР Европа и успеа да стигне до првата победа на патеката „Пол Рикар“ крај Марсеј. Со настапот во WTCR и освоениот пехар за второ место, тој отвори нови хоризонти за својата кариера.

– Денеска продолжуваме со активностите, ќе тестираме дел од надградбите кои се планирани за 2023 година. За прв пат ќе имам можност да ги испробам автомобилите со најновата спецификација и да дознаам повеќе за плановите на тимот во текот на следната сезона. Ова е прекрасен тим, големи професионалци и навистина има убава атмосфера за работа. Огромна благодарност за сите нив, верувам дека ја оправдав шансата што ми ја дадоа, се надевам дека заедно уште многу пати ќе ги израдуваме нашите навивачи.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img