19.8 C
Skopje
четврток, септември 7, 2023

Орбан: Унгарија сигурно ќе го поддржи приемот на Финска и Шведска во НАТО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека унгарскиот парламент ќе го ратификува приемот на Финска и Шведска во НАТО на почетокот на следната година.

На брифингот по состанокот на Вишеградската група во Словачка, Орбан рече дека неговата влада веќе одлучила Унгарија да го поддржи пристапот на Финска и Шведска во НАТО и дека парламентот ќе го стави ова прашање на дневен ред на првата седница следната година.

„Унгарија сигурно ќе го поддржи нивниот пристап“, рече Орбан. Парламентот ќе започне со работа во средината на февруари. Унгарија и Турција се единствените од 30 сојузници кои не го ратификуваа влезот на две земји во НАТО. Партијата Фидес на Орбан има двотретинско мнозинство во парламентот.

Во јули, унгарската влада достави два релевантни закони до парламентот. Финска и Шведска одлучија да се приклучат на НАТО по руската инвазија на Украина.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img