0.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Половина Молдавија остана без струја по руските напади на Украина

Половина Молдавија остана без струја по руските напади на Украина.

Вицепремиерот Андреј Спину кажа дека руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија. Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата побараа од луѓето да останат смирени.

„Молделектрика“ работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија“, рече Спину.

Серија експлозии одекнаа претходно денеска во Киев, а експлозии се слушнаа и во регионите Дњепропетровск и Миколаев, каде што беа пријавени неколку удари.

Најмалку четворица луѓе загинаа во денешните руски ракетни напади врз Киев, меѓу нив и 17-годишна девојка, а дваесетина се повредени.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img