1.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Остин: Русите имаат проблеми со логистиката од самиот почеток на војната во Украина

– Русите имаат проблеми со логистиката од самиот почеток на војната во Украина и „се уште имаат проблеми со логистиката“, изјави Остин пред американски новинари. – Кај нив има значителен недостиг на артилериска муниција, потенцира американскиот секретар.

Руските сили во голема мера се потпираат на артилерија…пред да маневрираат со копнена акција, рече Остин. – За таков вид операција, потребна е многу муниција. Не сум сигурен дека тие имаат таков вид муниција за да можат и натаму да функционираат на овој начин, истакнува секретарот за одбрана.

Остин, исто така, рече дека руското снабдување со прецизно наведувана муниција е „значително намалено“ во текот на деветмесечниот конфликт и дека Москва нема да може брзо да ги замени поради трговските ограничувања за предмети како што се микрочиповите. 

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img