1.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Левица ја оспори двојазичноста на полициските униформи пред Уставен суд

Левица денес поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата на Република Македонија практично воведува двојазичност на униформите на полицијата.

„Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на владата е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција.

Постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива која ја поднесовме до Уставниот суд.

Би сакал да нагласам дека ова е уште едно деградрање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет. Практично, Владата на Република Македонија, не само што го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно без да биде притисната од никого од надвор, со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик и го става во подредена позиција, а тоа директно го нарушува македонскиот идентитет.

Практично, сите лажни ветувања на владата за ‘европеизација’, тука паѓаат во вода.“

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img