Сите знаат дека ни требаат околу 8 часа сон, но многумина од нас спијат многу помалку од тоа. Експертот за сон Оливија Ареколо вели дека постои значајна врска помеѓу спиењето и здравјето.
Спиењето влијае на сè – од меморијата, до стресот и емоционалната состојба, до здравјето на кожата и општото здравје. А секој што спие само шест часа навечер, предупредува Ареколо, има четири пати поголеми шанси да настине.
„Спиењето е од витално значење. Околу 70 отсто од хормонот за раст се произведува во длабок сон, а тој е одговорен за здравјето на кожата, како и на секоја клетка во телото. Со недоволното време за закрепнување, се зголемуваат шансите за исцрпеност. “, рече таа.
Оливија објаснува дека нашиот мозок се ослободува од невротоксините додека спиеме, а тие се виновниците за губење на меморијата, дури и за Алцхајмерова болест.
„Долгорочниот ефект од недостатокот на сон е уште полош. Тоа носи 45 отсто поголем ризик од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и анксиозни нарушувања“, рече таа.
Поради оваа причина, Арецоло советува да ја преземете контролата врз вашиот сон.
Препорачува длабоко дишење и медитација, како и дополнување со магнезиум, доколку е потребно, за кој е познато дека поттикнува поспаност и релаксација.
Таа препорачува и шолја чај од камилица и да се отстранат сите извори на сина светлина, како што се мобилни телефони, телевизори, таблети и компјутери.
„Сината светлина го потиснува мелатонинот и придонесува за потешкотии со спиењето“, додаде таа.