1.8 C
Skopje
сабота, ноември 26, 2022

Градоначалникот Арбен Таравари промовираше инвестиции во подрачното основно училиште „Единство“

Градоначалникот на општина Гостивар заедно со својот тим денеска ги промовираше инвестициите во основното училиште “Единство” во населба Циглана.

“Денеска ги промовиравме инвестициите во Подрачното основно училиште „Единство“ во населба Циглана. Инвестицијата опфаќа замена на прозорци, енергетски ефикасна фасада и внатрешно реновирање на училниците”, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Градоначалникот Арбен Таравари истакна дека оваа инвестиција на општината во ова време на енергетска криза е повеќе од потребна, додека новата фасада со заштеда на енергија и новите прозорци, освен што штеди, училиштето го прави и со современ естетски изглед.

За општина Гостивар меѓу главните приоритети останува образованието и образовната инфраструктура во основните и средните училишта во Гостивар.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img