24.8 C
Skopje
понеделник, септември 11, 2023

Шерифовиќ вложува во нов бизнис, еве за што станува збор

Пејачката Марија Шерифовиќ наводно решила да вложи 200.000 евра во семејниот бизнис и да и помогне на мајка си Верица да го врати во главниот град нејзиниот бизнис со колачи, кој одлично си одеше, но потоа пропадна поради корона вирусот.

Имено, Верица морала да ја затвори продавницата во Белград и да ја пресели во Крагуевац, а сега нејзината ќерка сака да и обезбеди нови простории и да го рестартира бизнисот со колачи.

– Шерифовиќ и помага на мајка си да си го обнови бизнисот, купувајќи и ги двата локала во Белград за да започне бизнис со колачи, изјавил за српски Курир извор близок на славните мајка и ќерка.

– Марија криеше од мајка си дека разгледувала по локалите, планира да купи простор на две локации, а се ќе ја чини околу 200.000 евра заедно со опремата што се купува за производство. Инаку, Верица прво ја затворила својата продавница во Белград поради корона вирусот, односно ја преселила во Крагуевац, но како што неодамна откри и таа локација морала привремено да ја затвори поради кризата која владеела, пишува споменатиот портал.

– Секако дека поскапувањата ги погодуваат сите, но јас ја затворив слаткарницата. За време на короната, сите ја почувствувавме кризата што се однесува до тие мали бизниси, па секако тоа ми се случи и мене. Едноставно веќе не вредеше да се држиш за него. Не сум единствена, што е, тука е, рекла пејачката и признала дека морала да се откаже на извесно време од приватниот бизнис, и истакнала дека се надева дека повторно ќе биде претприемач кога ќе се исполнат условите за тоа. .

– Можеби на пролет, не знам. Се зависи од ситуацијата. Веројатно повторно би отворила слаткарница, навистина уживам во тоа, заклучиа Шерифовиќ.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img