25.8 C
Skopje
недела, септември 10, 2023

НЕВЕРОЈАТНИ БРОЈКИ: Еве колку луѓе немале се*с во последните три години и зошто

Дека пандемијата суштински ги  промени животите на луѓето не е ништо ново, ниту дека вирусот има негативно влијание врз сексуалниот живот.

Сепак, пандемијата само ја заокружи приказната за повеќегодишен негативен тренд, барем кога станува збор за зачестеноста на сексуалниот однос.

Затоа е многу интересно да се погледнат податоците од студија што се однесува на тоа колку луѓе воопшто немале сексуални односи во последните три години.

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа дека 12% од испитаниците не воделе љубов од 2017 година!

Нешто изненадувачки, најранлива категорија се младите луѓе на возраст од 18 до 24 години, а на оваа возраст неверојатни 42,5 проценти од испитаниците изјавиле дека нивниот сексуален живот е во криза, додека, од друга страна, само 12,7 проценти од луѓето постари од 65 години изјавиле дека не се задоволни од редовноста на водењето на љубов.

И како најчести причини што доведуваат до недостаток на секс, тие се:

– Дури 35,7 проценти од испитаниците ги навеле заморот и исцрпеноста од деловните обврски како најголем непријател на сексот.

– На второ место е менталното здравје со 33,6 проценти од гласовите.

– Незадоволството од сопствениот изглед е на трето место со 25 проценти од гласовите, а овој тренд е најизразен кај луѓето на возраст под 35 години.

– Ниското либидо доби 19,4 проценти од гласовите, а стареењето 18,3 проценти од гласовите.

– Менопаузата ја споменале 14,5 проценти од испитаниците, а 12,6 проценти лековите.

– Децата како причина се на дното на листата со 11 проценти, а 9,4 проценти од испитаниците изразија загриженост за лошите „перформанси“ во кревет.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img