Столтенберг на Твитер објави дека разговарал со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борела и го изразил своето разочарување бидејќи не е решен спорот меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички.
„Разговарав со Жосеп Борел. Разочарани сме што не беше можно да се реши спорот за регистарските таблички. Сега е време за одговорност и прагматични решенија. Мора да се избегне ескалација. КФОР останува буден“, рече Столтенберг.
Денеска во Брисел се одржа итен состанок на високо ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, по најавата дека од утре Косово ќе ги казнува сопствениците на возила со српски регистарски таблички.
Борел прво одвоено разговарал со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот Александар Вучиќ, а потоа имале и заедничка средба.
По средбата, Вучиќ изјави дека нема апсолутно никаков договор, а Курти го отфрли како неприфатлив предлогот на ЕУ Приштина да се откаже од казните за оние кои не ги пререгистрирале возилата со регистарски таблички на РКС, без да се обврзат на конечен договор.