21.8 C
Skopje
среда, септември 6, 2023

Вучиќ и Курти се поканети во Брисел на дијалог на највисоко ниво

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти се поканети во Брисел на дијалог на највисоко ниво, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано.

Доколку претставниците на Белград и Приштина се согласат да дојдат, средбата би можела да се одржи наскоро.

„Она што е ново е што ги поканивме и двајцата во Брисел со цел да се најде европско решение, европски излез од сегашната ситуација која е една од најсериозните од 2013 година. И тоа е целта. Како што реков, ние ги поканивме во Брисел да разговараат за начин како да се најде излез. Се надеваме дека ќе можат да дојдат многу брзо, за да можеме да го решиме прашањето, пред 21 ноември, а не потоа, како што и рече високиот претставник на ЕУ (Џозеф Борељ) рече“, рече Стано.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img