3.8 C
Skopje
среда, ноември 30, 2022

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Судот во Истанбул го осуди на 8658 години затвор

Аднан Октар често бил нарекуван „култен водач“ во јавноста, а на телевизија водел религиозни емисии опкружен со провокативно облечени жени кои ги нарекувал „мачиња“. Основните појдовни точки на неговите верувања и проповеди биле конзервативизмот и креационизмот, а под псевдонимот Харун Јахја објавувал книги на повеќе светски јазици.

Октар и стотици негови следбеници биле уапсени во 2018 година, откако полицијата упаднала во неговата палата и откриле дека тој всушност бил вклучен во криминал под маската на необичен исламски култ. Со помош на различни медиуми и издавачки куќи, тој со години водел меѓународни кампањи против теоријата на еволуцијата. По неговото апсење, неговата телевизиска програма А9 била затворена.

Во јануари 2021 година, Октар бил осуден по 10 различни обвиненија. Некои од нив за водење криминална група, политичка и воена шпионажа, сексуална злоупотреба на малолетници, силување, уцени и тортура, пишува Би-Би-Си.

Тој бил обвинет и за помагање на мрежата на муслиманскиот научник Фетула Ѓулен од САД, кого Турција го обвинува за организирање на неуспешниот обид за пуч во 2016 година. Тогаш Октар бил осуден на 1.075 години затвор, но повисокиот суд ја отфрлил таа пресуда.

По повторното судење, Високиот кривичен суд во Истанбул донесе пресуда со која Октар е осуден на 8.658 години затвор. Иста казна судот им изрекол и на неколку други осомничени во овој случај.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img