3.8 C
Skopje
среда, ноември 30, 2022

Вучиќ: Голема чест и привилегија е да имаме такви пријатели

Вучиќ рече дека утрово резервите на гас во Србија се на 650 милиони кубни метри, наместо 760 милиони кубни метри. Тој додаде дека цената на гасот поскапела четири до пет пати во изминатите девет дена, пренесува N1. Претседателот на Србија изјави дека е постигнат договор со Бугарија и дека дополнителни количини ќе бидат испратени во Србија.

„Денеска нè спасува гасот, а благодарение на термоцентралите Панчево и Нови Сад можеме да презимеме“, рече Вучиќ на прес-конференцијата со унгарскиот и австрискиот премиер.

Вучиќ изрази благодарност до унгарскиот премиер Виктор Орбан за помошта и нагласи дека „на Србија ќе ѝ биде тешко да презими“ без унгарска помош. „Голема чест и привилегија е да имаме такви пријатели со нас“, изјави Вучиќ.

Унгарскиот премиер Орбан рече дека сега гасот за Унгарија доаѓа преку Србија и дека Србија е фер исто како што Унгарија е фер кон неа. „Се додека Србија има гас, ќе има и Унгарија, а можете да бидете сигурни дека додека Унгарија има гас, ќе има и Србија“, рече Орбан

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img