1.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Мишел: Кинеските власти да ги искористат сите средства за да ја убедат Русија да ги почитува меѓународно признатите граници

„Ги охрабруваме кинеските власти да ги искористат сите средства што им се на располагање за да ја убедат Русија да ги почитува меѓународно признатите граници и да го почитува суверенитетот на Украина“, изјави Мишел за АФП.

Високиот европски функционер престојува во Пном Пен, каде денеска и утре учествува на самитот на лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Мишел потоа ќе отпатува на индонезискиот остров Бали на самитот на Г-20, на кој ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Важно е во овој брутален момент од човечката историја да постои меѓународна соработка и Г-20 ќе биде уште една можност да се погледнеме во очи“, рече Мишел и додаде дека е потребна соработка со земјите кои имаат различни политички ставови, но веруваат дека меѓународното право треба да се заштити.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, лидерите на ЕУ неколкупати ја повикаа Кина јавно да ги осуди постапките на Русија, но досега без успех.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img