3.8 C
Skopje
четврток, јануари 26, 2023

Алпите забележале загуба од 30 метри дебелина на мразот помеѓу 1997 и 2021 година

Зголемувањето во просек изнесувало 0,5 степени Целзиусови секоја деценија помеѓу 1991 и 2021 година, според годишниот извештај за состојбата на климата во Европа објавен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата.

„2021 година прикажа жива слика на светот кој се затоплува и нѐ потсети дека дури и оние општества кои ги сметаме за подобро подготвени не се безбедни од сериозните влијанија на екстремните временски настани“, напиша генералниот секретар на СМО, Петри Таалас во предговорот на извештајот, забележувајќи го рекордот на поплави и шумски пожари кои го погодија континентот минатата година.

Повеќе од половина милион луѓе беа „директно погодени“ од големи временски и климатски настани, главно бури или поплави. Според извештајот, предизвиканата штета е повеќе од 50 милијарди долари. Во извештајот се забележани екстремно високи температури и топлотни бранови, вклучувајќи го и европскиот топлотен рекорд од 48,8 степени Целзиусови измерени на Сицилија во август 2021 година.

Зголемувањето на температурите има значително влијание и врз европските глечери. Алпите забележале загуба од 30 метри дебелина на мразот помеѓу 1997 и 2021 година, а топењето на ледената покривка на Гренланд придонесе за глобално зголемување на нивото на морето.

Неколку температурни рекорди беа срушени во Европа оваа година, а Англија и Франција го доживеаја најсушниот јули досега. Британија ја забележа највисоката температура досега, 40 степени, а глечерите се топат со невидена брзина.

Екстремни временски настани беа забележани и во текот на зимата, при што невообичаено обилен снег ги погоди Шпанија и Норвешка, а неочекуван студен бран предизвика сериозни оштетувања на лозјата и другите земјоделски култури во зимата 2021 година.

Во меѓувреме, светските лидери и дипломати се подготвуваат за овогодинешниот самит на ОН за климатски промени, познат како COP27, во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Талас ја повика Европа поактивно да се посвети на поставените цели на борбата против климатските промени и ја нагласи важноста од ограничување на „зголемувањето на глобалната температура на далеку под 2 Целзиусови степени, додека продолжуваат напорите да се ограничи зголемувањето на 1,5 степени, како што е наведено во Парискиот договор“.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img