5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Болсонаро молчи, а неговите подржувачи почнаа со блокади! Бразил во неизвесност по претседателските избори

Нема глас од актуелниот Претседател на Бразил Жаир Болсонаро во насока на признавање на изборниот пораз од неговиот конкурент, социјалистот Луис Инхасио Лула да Силва, иако Бразил со нетрпение ја очекува неговата реакција.

Балсонаро кој треба да ја напушти функцијата на 1 јануари, откако ги загуби изборите со минимална разлика (50,9% против 49,1%) воопшто не се огласи од претседателската канцеларија, иако утринава се појавил во палатата Планалто во Алворадо, Бразилија.

Противкандидатот Лула изјавил дека е загрижен заради молкот, бидејќи Балсонаро во повеќе наврати изјавил дека нема да ги признае изборните резултати доколку загуби.

Таквата атмосфера на неизвесност се одразила и на берзата во Сао Паоло.

Дополнително загрижува и тоа што демонстрантите, поддржувачи на Болсонаро, со запалени гуми и возила ги блокирале патиштата во најмалку единаесет бразилски држави, а дел од нив носеле обележја на радикалната десница.

Блокиран е и автопатот кој што ги поврзува Рио и Сао Паоло на југоистокот, а не е познато дали блокадата е спонтана или политички организирана.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img