15.8 C
Skopje
недела, февруари 25, 2024

Рубини: Третата светска војна всушност веќе започна

Третата светска војна всушност веќе започна, изјави американскиот економист Нуриел Рубини во интервју за германското издание Der Spiegel.

„Бев во Вашингтон на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Економскиот историчар Ниал Фергусон во својот говор рече дека ќе бидеме среќни ако добиеме економска криза како во 1970-тите, а не војна како во 1940-тите. “, истакна тој.

Според него, советниците за национална безбедност се загрижени за мешањето на НАТО во ситуацијата во Украина, како и за можен конфликт меѓу Иран и Израел. Тој ја спомена и веста дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден очекува Кина порано или подоцна да го „нападне“ Тајван.

Искрено, третата светска војна всушност започна, особено во Украина и во сајбер-просторот“, објасни економистот.

Тој потсети дека кога растел во Италија во 1960-тите и 1970-тите, не се грижел за „војна меѓу големите сили или нуклеарна зима“ и не слушнал за „климатски промени“ или „глобална пандемија“.

„Никој не беше загрижен што роботите ќе ги преземат повеќето работни места. Имавме послободна трговија и глобализација, живеевме во стабилни демократии, дури и ако тие не беа совршени“, заклучува Рубини.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести