5.8 C
Skopje
четврток, февруари 22, 2024

Столтенберг: Руската победа би била лоша за сите во Европа и Северна Америка

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека руската победа би била лоша за сите во Европа и Северна Америка.

Според него, таа победа би испратила порака до авторитативните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила.

Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивното интервју за американски Политико истакна дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО.

Тој е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев бидејќи победата на Путин во Украина исто така би била катастрофа за Украинците.

Пентагон планира да и испрати на Украина нов пакет со оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари, соопштија неименувани американски претставници, пренесе АП.

Вашингтон од почетокот на војната со Русија на 24 февруари испорача оружје и друга опрема во вредност од речиси 18 милијарди долари, вклучително и нови 275 милиони долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести