5.8 C
Skopje
понеделник, јануари 16, 2023

Новиот премиер Риши Сунак со прво јавно обраќање: „На Британија и требаат стабилност и единство“

Британија се соочува со сериозни економски предизвици и потребна и е стабилност и единство, изјави денеска Риши Сунак во своето прво јавно обраќање откако е прогласен за лидер на владеачката Конзервативна партија и иден премиер.

– Нема сомнение дека се соочуваме со голем економски предизвик, рекол Сунак според известувачите на Ројтерс.

Сунак истакнал дека негов приоритет ќе биде консолидацијата на неговата Конзервативна партија и на земјата.

– Се заколнувам дека ќе служам со интегритет и со скромност, нагласил Сумак, додавајќи дека постојано ќе работи за добро на британскиот народ. Сумак посочил дека му е особена чест што ја добил поддршката од своите колеги пратеници за да биде избран за лидер.

– Најголема привилегија во мојот живот е да и служам на партијата која што ја сакам и да и возвратам на земјата на која што толку многу и должам, нагласил Сунак. Тој и оддал признание на неговата претходничка Лиз Трас за нејзиното достоинствено водство во тешките околности во светот и во земјата.

Риши Сунак е роден 1980 година, а неговиот татко лекар и мајка фармацевтка емигрирале од Индија во 1960-те години. Тој ќе биде првиот британски премиер од азиско потекло. Сунак исто така ќе биде најмлад премиер во последниве 100 години. Сунак, беше на чело на Министерството за финансии од 2020 па поднесе оставка во јули во знак на протест против раководството на Борис Џонсон. Тој ја водеше економијата низ пандемијата на коронавирус, добивајќи пофалби за финансиската поддршка за отпуштените работници и затворените бизниси.

Се очекува Сунак сега да има и политички притисок за предвремени општи избори.

Во биграфијата на идниот британски премиер стои дека по дипломирањето на Универзитетот во Оксфорд, тој заминува на Универзитетот Стенфорд каде ја запознал сопругата Акшата Мурти, чиј татко е индиски милијардер, основач на аутсорсинг гигантот „Инфосис“. Сунак има работено и за инвестициската банка „Голдман Сакс“ и во два инвестициски фонда. Според проценките на „Сандеј тајмс рич лист“, двојката Сунак поседува богатството од околу 730 милиони фунти.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img