26.8 C
Skopje
понеделник, април 15, 2024

Еве по кои две работи ќе биде запаметена Лиз Трас

Лиз Трас, која денеска поднесе оставка како премиер на британската влада, ќе остане запаметена по две работи.

Првата е дека таа е последната британска премиерка која доби мандат од кралицата Елизабета Втора, неколку дена пред да почине. Лиз Трас се сретна со кралицата на 6 септември, кога официјално беше назначена за премиер на Велика Британија.

Кралицата ја прими Лиз Трас во Балморал, што беше првпат таа да прими нов лидер на земјата во Шкотска. Разговарале околу 30 минути, а пред тоа кралицата го примила тогашниот премиер во заминување Борис Џонсон.

Втората работа е фактот што таа помина 44 дена во Даунинг стрит, што ја карактеризира како премиерка со најкраток мандат во Британија.

Лиз Трас е родена во Оксфорд во 1975 година, живеела во Лондон и Норфолк, а студирала на Универзитетот Оксфорд каде студирала филозофија, политика и економија и била активна во студентската политика, првично за либералдемократите.

Таа преминала кај конзервативците во Оксфорд.

По дипломирањето, таа работела како сметководител за Shell и Cable & Wireless, а се омажила за колегата сметководител Хју О’Лири во 2000 година, со кој има две ќерки.

На премиерската позиција ќе остане запаметена по објавувањето на фискалниот пакет т.н. мини-буџет, кој предизвика превирања на берзата – почнувајќи од падот на фунтата до паника во пензиските фондови, но и критики за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што е реткост.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести