5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Дали се подготвува нова инвазија од Белорусија ? Лукашенко ја прогласи Украина за директна закана

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко договориле формирање на заеднички трупи на границата со Украина, повлекувајќи нови стравови за уште една копнена инвазија врз Киев.

Лукашенко на состанокот на советот за безбедност рекол дека тој и рускиот претседател минатиот викенд се согласиле да ги соберат трупите заради напнатоста на границата. 

до најавата доаѓа истовремено со руските симултани напади врз повеќе украински градови, вклучувајќи го и Киев, што беа објаснети како одмазда за украинскиот напад на мостот на Крим.

Лукашенко не прецизираше колку белоруски војници ќе бидат распоредени, ниту каде точно ќе бидат испратени, но таа изјава според британски Телеграф е досега најблиску до претпоставките дека е можно да испрати војска во Украина.

Белорускиот претседател издал наредба на сопствената војска за сместување на неколку илјади руски војници кои треба да пристигнат таму во наредните денови.

Белорусија послужи како база за почеток на руската инвазија на Украина. Лукашенко тогаш им дозволи на руските трупи да влезат во северна Украина за да го нападнат Киев.

Украина ја обвини Русија дека користи беспилотни летала од иранско производство лансирани од Белорусија за изведување на вчерашните смртоносни напади, а воените власти објавија дека се уништени девет беспилотни летала од Белорусија и Крим.

Новото распоредување на војската, Лукашенко се обиде да го објасни како одговор на наводните планови на Украина да ја нападне Белорусија, а соседните земји ги обвини за обука на „белоруски радикали“ кои се борат против руските трупи во Украина, но и во Белорусија.

„Обуката на белоруските радикални милитанти во Полска, Литванија и Украина за изведување на саботажи, терористички напади и организирање на вооружени протести во земјата, станува директна закана“ изјавил Лукашенко.

Протераните белоруси по гасењето на постизборната револуција против Лукашенко во 2020 година, формираа два батаљони составени од доброволци за борба против руските сили во Украина.

Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски го осудил Лукашенко за продавање на последните трошки од суверенитетот на Русија.

„Изјавата за сместување на рускиот контингент во Белорусија едноставно е формализирање на окупацијата“, изјавил Подољак додавајќи дека не верува дека е можна втора руска инвазија од Белорусија.

Вчера Европската комисија ја предупреди Белорусија повикувајќи ја да се воздржи од какво било инволвирање во „бруталниот и нелегитимен потфат на Москва“.

Петер Стано, портпаролот на ЕК му се закани на Лукашенко со нови и посилни рестриктивни мерки доколку и се придружи на инвазијата.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img