1.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски на Европската Конвенција на Шефови на полиции, во седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг

 Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски, придружуван од делегација од Секторот за меѓународна полициска соработка и Одделот за ЕУ и меѓународна соработка реализираше работна посета во Хаг, Кралството Холандија, каде на 3 и 4 октомври присуствуваше на Европската Конвенција на Шефови на полиции, во седиштето на ЕВРОПОЛ.

На состаноците во рамки на Конвенцијата фокусот беше насочен на теми посветени на полициската соработка во Европа, во смисла на тоа како се развива криминалот и како заеднички да делуваат европските полиции во делот со негово справување.

На Конвенцијата на Шефови на полиции се зборуваше за улогата на ЕВРОПОЛ како платформа за полициско работење, како и новите технологии и иновации со кои се зајакнува борбата против компјутерскиот криминал, а се нагласи и потребата за соработка со царинските служби за успешно справување со криминалитетот.

Во рамки на Конвенцијата беа остварени и неколку  билатерални средби помеѓу директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски и дел од присутните директори меѓу кои и  со директорката на швајцарската полиција, г-ѓа Николета Дела Вале, каде се зборуваше за зајакнување на веќе постоечката одлична соработка, во рамки на борбата против организираниот криминал и борбата против тероризмот.

Директорот Тасевски оствари работна средба и со  вршителот на должноста директор на полиција на Република Косово г. Феми Хоти, на која се зборуваше за меѓусебната билатерална и оперативна соработка. На маргините од Конвенцијата  беше реализирана средба и со г. Гален Нејс, вршителот на должност  на службата за дипломатски односи и безбедност на Стејт Департментот на САД, при што на средбата се разговараше за одличната соработка на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија со САД, како и на   теми поврзани со заедничката борба против транснационалниот криминал, трговијата со дрога, криумчарењето со луѓе и теми од заеднички интерес за двете страни.

Во оваа прилика г. Нејс изрази  благодарност од страна на американските претставници за успешната соработка со припадниците на Одделот за обезбедување при МВР задолжени за обезбедување на Амбасадата на САД во Скопје.

Во чест на делегациите се одржа и гала вечер, на која како домаќини беа г-ѓа Кетрин де Бол, Извршен Директор на ЕВРОПОЛ и г. Мартин Вондрашек, Директор на полицијата на Чешка Република.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img