1.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.

Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

Во Собранието, нова седница има закажано за 17-ти октомври.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img