6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Мерц ги обвини украинските бегалци за злоупотреба на социјалната помош во Германија

Лидерот на германските демохристијани Фридрих Мерц ги обвини украинските бегалци за злоупотреба на социјалната помош во Германија, и дека со собраните средства се враќаат во Украина.

“Она што го гледаме е туризмот за социјална помош. Тие доаѓаат во Германија, добиваат помош, се враќаат во Украина, доаѓаат во Германија, добиваат помош, се враќаат во Украина и така во недоглед. Ова е проблем кој станува се поголем и потежок“, изјавил лидерот на десницата на центарот и Христијанско-демократската партија (ЦДУ), пренесува Политико.
“Неправедно што државата мора да плаќа сметки за парно за бегалците додека многу германски граѓани кои работат и плаќаат данок не можат да ги платат – рекол тој.

Неговите коментари доаѓаат во време кога се повеќе Германци се загрижени за економските последици од ситуацијата во Украина. Најголема загриженост е поскапувањето на енергенсите.

Земјата се подготвува за сурова и студена зима, а на многу домаќинства може да им се удвојат сметките. Се проценува дека околу половина од домаќинствата се греат на гас. Мерц, сепак, ја омекна изјавата откако наиде на осуда во јавноста.
Тој потенцирал дека непромислено го користел терминот “социјален туризам“ и дека не сака никого да навреди.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести