14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Исповед: Заминав за Германија по нов живот но, ФАТИВ ЉУБОВНИК И ЗАГУБИВ СЕ

Ова што ќе ви го раскажам е мојата најголема грешка што сум ја направила во животот и за која многу се каам, но сега веќе е предоцна за било што да се промени.

Со сопругот бевме некаде на триесетгодишна возраст кога се преселивме да живееме во Германија. Не повлече роднина на сопругот, а како инженер многу брзо напредуваше во фирмата и одлично заработуваше. Јас после една година исто така се вработив во една фирма и скромно заработувам.

Имаме две деца со сопругот, момче и девојче, 4 и 6 годишна возраст. Во почетокот имаа проблем со јазикот, но набрзо се вклопија и сега одлично напредуваат. Животот ми беше среден, децата ми се примерно воспитани, сопругот е скромен и мирен маж кој многу ме сакаше и беше пожртвуван за семејството. Често остануваше и на прекувремена работа зошто такви беа условите тогаш.

Сека честопати се навраќам на убавите спомени, на топлиот дом што го имав, на семејната трпеза, на семејните празници, на ретките но убави вечери со пријателите. Ми недостига семејството, ми недостига домот, а најмногу децата. Сега тие растат без мене.

Еве како се случи. Имено, фирмата во која се вработив беше голема компанија. Во почетокот јас бев срамежлива и ги извршував само наредбите од шефот без да се обидам да воспоставам контакт со колегите. Како изминуваше времето, постепено се зближив со една колешка, а еден ден дури ме поканија да излезам навечер во еден бар.

Бидејќи ме воведоа во нивното друштво, се изненадив и кога почнаа да ме викаат за шопинг, за викенд-пазарења, па дури понекогаш и на џогирање. Започнавме во барот да одиме еднаш неделно и морам да признаам дека ми годеше нивното друштво. Сите беа опуштени, го озбуруваа шефот и останатите колеги од фирмата, многу се смееја и ми го развеселуваа животот.

Сите овие нови пријателки беа мажени и имаа деца, па така мојот сопруг никогаш не ми правеше проблем што се дружам со нив, дури мислам дека се радуваше за мене што конечно и јас се стекнав со пријателки во оваа туѓа за мене земја.

И така, една по една почнаа да ми се доверуваат за својот интимен живот, да ми раскажуваат за своите авантури. Бев шокирана кога дознав дека сите тие имаат љубовници. Не ми се веруваше. Прво за мене беше непоимливи кога успеваат да се видат со тие нивни љубовници во ионака тесно набиениот дневен програм на обврски.

Ме убедија дека сексуалниот живот е многу важен заради справување со анксиозноста на напнатиот живот и напорната работа, но и поради самиот брак. Замислете, каде ми беше умот, па им поверував дека ако и јас фатам некој љубовник, ќе го зачинам мојот брак и ќе внесам освежување. –Тоа е многу добро за релаксација, да се отргнеш од монотониот живот, да не мислиш малку на децата, мажот и работата. Едноставно, да се опуштиш. А децата и мажот нема каде да ти избегаат, пак ќе се вратиш кај нив.

И така ме додадоа на една страница за интимни запознавања, нормално со моја согласност. Требаше да прикачат мои фотографии, па имавме интересна и забавна фото-сесија. Па потоа следеше уште повозбудлив момент на одбирање на партнер.

Добив доста понуди, бидејќи сепак добро изгледам а и телото не ми е запуштено, туку редовно одам на фитнес и трчање. Најпосле одбрав еден симпатичен помлад маж и договоривме средба. Срам ми е да ви раскажувам како се тресев како тинејџерка додека се облекував дома, се шминкав и се дотерував за средбата. Се облеков секси. Сопругот го излажав дека ќе излегувам со пријателките.

Отидов на закажаното место, а тој веќе ме чекаше таму. Срдечно ми пријде и ме бакна во образот. Седнавме и порачавме пијалак, но главно тој го водеше разговорот. Јас за цело време бев збунета. Потоа станавме и тој предложи да одиме во хотел. Молчешкум се согласив, бидејќи за таа работа излегов.

Имав секс со овој човек и што да ви кажам. Не уживав многу иако тој се трудеше.

Воопшто не беше онака како што ме убедуваа пријателките. Дали имав грижа на совест тогаш? Не, не ни помислив на сопругот да бидам искрена. Бев премногу збунета за да мислам на било што.

Откако завршивме работа, се облековме, јас се нашминкав, излеговме од собата и влеговме во лифтот. Кога се отворија вратите на лифтот, првото нешто што го здогледав беше мојот сопруг како си ја држи главата со рацете, стуткан во една од фотељите на фоајето.

Јас се вкочанив. Погледите ни се сретнаа. Тој стана, лицето ми беше згужвано од бес и солзи. Ме погледна и така се гледавме некое време. Се заврте и си замина. После тоа јас прснав да плачам, се јавував кај сите пријателки за помош и совет, не можев да се вратам дома. Човекот со кој тукушто ја минав ноќта ми се извини и си замина. Јас се вратив назад во собата од која тукушто излегов и тука преспав.

Подоцна дознав дека јас толку многу чудно сум се однесувала дома, што сопругот се посомневал и се решил да ме следи. Така ме чекал пред барот каде јас се состанав со типот, ме следел и до хотелот и ме чекал да излезам од таму. А јас толку наивна отидов до крај.

Сопругот инстант поведе постапка за развод, ми ги зеде и децата и ме избрка од дома. Толку. А јас станав потсмев на сите што ме познаваа и што не ме познаваа. Ако некогаш слушнете за некоја жена што решила да си фати швалер и на првата средба ја фатил мажот- ете да знаете- тоа сум ЈАС! Знам дека зад мојот грб се шушкаат секакви штосови и анегдоти на моја сметка. Но тоа е. Ја направив мојата најголема глупава грешка и ќе ја плаќам дури сум жива.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести