-0.2 C
Skopje
сабота, ноември 26, 2022

По делумната мобилизација, Русите масовно бегаат во овие земји

По најавата за делумна мобилизација, многу граѓани на Русија решија да мигрираат од својата земја, во земји за кои не им е потребна виза и од каде можат да работат онлајн.

Граѓаните на Русија со денови масовно ја напуштаат земјата, по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да прогласи делумна мобилизација, а Србија, Грузија и Турција ги гледаат како пожелни земји за населување!

Причината за тоа се, пред се, големите можности за бавење со работите кои се вршат онлајн, но и фактот што не им е потребна виза за престој во овие земји. Ова за српски Курир го кажал млад човек од Русија, на аеродромот во Египет, кој дошол таму на одмор пред мобилизацијата во својата земја, во која, како што вели, нема намера да се врати.

 Ме тераат да одам во војна, а јас тоа не го сакам. Јас сум против тоа, некои мои пријатели излегуваат и на протести. Пред неколку дена отидов на одмор и немав поим што ќе се случи. Кога слушнав дека се мобилизираат луѓе да одат во војна, решив да не се враќам. Работев во ИТ индустријата и со денови истражував кои земји можам да ги посетам без виза. Се двоумев меѓу Србија, Турција и Грузија, а на списокот ми беше и Јордан. Се одлучив за Грузија, ќе бидам таму некое време, а Србија ми е многу интересна и прочитав дека нуди многу можности за младите, па таа земја може да биде мојот избор ако не се снајдам во Грузија, рекол тој.

Инаку, првата руска воена мобилизација по Втората светска војна, која Путин ја најави минатата среда, предизвика протести низ земјата.

Од друга страна, и многу Украинци ја напуштиле земјата од почетокот на војната, а од тие што се нашле во Египет за Курир велат дека се спремни да работат таму за само 100 долари месечно, само да не се вратат во нивната татковина разурната од војната.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img