6.8 C
Skopje
четврток, декември 1, 2022

Трас: Путин направи стратешка грешка со инвазијата на Украина

„Путин направи стратешка грешка со инвазијата на Украина“, изјави Трас за Си-Ен-Ен, додавајќи: „Мислам дека Украинците го надмудрија. Видовме како Украинците продолжуваат да возвраќаат. И мислам дека тој не ја очекуваше силата на реакцијата од слободниот свет“.

На прашањето како треба да одговорат западните лидери доколку Путин ја засили воената активност во Украина, Трас рече дека не треба да ги слушаат неговите штракања со оружје и лажните закани.

„Наместо тоа, она што треба да го направиме е да продолжиме да воведуваме санкции кон Русија и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците.

Ако му се дозволи на Путин да успее, тоа не само што би испратило ужасна порака во Европа и, се разбира, голема закана за самото украинско население, туку би испратило порака и до другите авторитарни режими ширум светот дека тоа е некако прифатливо, инвазија на суверена нација“, рече таа.

„Затоа е толку важно да останеме решителни, да не го слушаме штракањето на пушките со кое се заканува Путин и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците до крај. И тоа ќе го направи Обединетото Кралство, убедена сум “, рече Трас.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img