6.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Ким Кардашијан со години боледува од оваа болест

Ким Кардашијан со години боледува од псоријаза, која сега земала замав, па старлетата ни со шминка не може да ги сокрие „живите рани“ на нозете

Ким Кардашијан има 41 година, има четири деца, нереална убавина и богатство кое го направи буквално од нула. Не постои жена на планетата која во одреден момент не и завидела на популарната старлета. Но, не е се така прекрасно, а тоа го покажуваат најновите фотографии.

Имено, Ким Кардашијан деновиве ја „канализира“ само Мерлин Монро, и тоа подобро од Ана де Армас. Облечена во бел мини фустан од Долче и Габана, со избелена коса и неверојатни 21 килограм помалку, Ким навистина изгледа феноменално, но …

Во нејзините емисии можевме да видиме како напредува болеста и дека најчесто се појавува на нејзините раце и стапала. Секогаш кога стресот е на својот врв, на телото на популарната старлета се отвораат „живи рани“ за кои нема лек. Бидејќи не можела да направи ништо за да ја излечи болеста, Ким развила и линија производи – шминка за тело. Познато е дека Кардашијан со години нанесува густа пудра на нозете и рацете во обид да ги прикрие знаците на псоријаза.

Судејќи по фотографиите, изгледа дека веќе не помага ниту шминката.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img