5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Кинеско-американските односи во моментов минуваат низ критична фаза

Кинеско-американските односи во моментов минуваат низ критична фаза поради политиката на САД кон Кина и Вашингтон треба да извлече соодветни поуки од тоа, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Овие односи се во критична фаза и двете страни треба итно да го најдат вистинскиот начин да го спречат нивниот понатамошен колапс – се наведува во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи по средбата на Ванг со Блинкен на маргините на Генералното собрание на ОН.

Шефот на кинеската дипломатија посочи дека прашањето за тајван е внатрешна работа на Кина и оцени дека потезите на актуелната американска администрација се во спротивност со нејзините тврдења дека не ја поддржува независноста на Тајван. Според неговата проценка, САД „се обидуваат да го поткопаат суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина“.

Ванг изјави дека Кина прави напори за мирно да го реши тајванското прашање, но нагласи дека мирното решение е некомпатибилно со независноста на Тајван.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img