4.8 C
Skopje
петок, декември 2, 2022

Диета која би ви помогнала да ослабете за рекордно време

Доколку барате диета која би ви помогнала да ослабете за рекордно време, можеби диетата со јогурт е вистинското решение за вас! Пробиотиците кои се наоѓаат во јогуртот го стимулираат растот на здравата цревна флора, што резултира со побрзо варење на храната, елиминација на токсините, а со тоа и губење на тежината.

Вака изгледа диеталното мени на јогурт диетата 3 дена, во кои можете да изгубите до 4 килограми:

Прв ден

Појадок: Наутро јадете обичен јогурт со овошје и житарки по ваш избор.
Ручек: Запржете го зеленчукот по ваш избор на маслиново масло и на крајот измешајте со варен ориз. Освен сол и бибер, не додавајте зачини во зеленчукот. За десерт јадете јогурт со парчиња овошје.
Вечера: Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и морков. Исечкајте еден морков, едно јаболко и 50 г шунка, па додадете маслиново масло. Измешајте сè заедно со јогурт.

Втор ден

Појадок: За салата од краставици потребни ви се јогурт и краставица што треба да се исече на коцки и на крај се да се измеша. Зачинете со сол и бибер.
Ручек: Посолете и додадете бибер врз малку пилешко исечкано на коцки и пржете во маслиново масло. Додадете сечкани печурки, еден домат и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне, тргнете го од оган и додадете го јогуртот.
Вечера: Измешајте две чаши јогурт со неколку мешани шумски бобинки или кое било друго овошје по ваш избор.

Трет ден

Појадок: Измешајте сирење, сечкано јаболко, малку цимет со јогурт и на крајот додадете малку сол и бибер.
Ручек: Испечете 150 грама филе ослич, а како прилог направете салата од јогурт, сечкана краставица и малку сенф.
Вечера: Сварете сто грама тестенини, додадете една сечкана пиперка и варено јајце. Измешајте сè заедно со јогуртот.

Напомена: Краткорочната примена на оваа диета (не подолго од три дена) секако нема да им наштети на здравите луѓе, но не се препорачува долгорочно практикување. Пред да започнете диета, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img