24.8 C
Skopje
четврток, септември 7, 2023

Финска во следните неколку дена ќе забрани влез на руски туристи во земјата

Финска во следните неколку дена ќе забрани влез на руски туристи во земјата.

„Нашата цел и желба е значително да го намалиме бројот на луѓе кои влегуваат во Финска од Русија“, рече претседателот Саули Ниинисто во интервју за државната телевизија.

Одлуката за забрана за влез на руски туристи доаѓа во време кога копнените граници на Финска се преплавени од бран Руси кои бегаат во страв дека ќе бидат мобилизирани за војната во Украина. „Гардијан“ потсетува дека минатата недела Финска беше под огромен притисок од соседите од ЕУ, откако одби да го забрани влезот на руски туристи, што Естонија, Летонија, Литванија и Полска веќе го направија претходно.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img