Русите кои сакаат да бегаат од најавената мобилизација се добредојдени во Германија. Ова е последната одлука која Германија ја објави во врска со конфликтот во Украина.
Како што пренесуваат медиумите, Германците се подготвени да ги преземат дезертерите кои доаѓаат од Русија.
За потсетување, Германија и Франција денеска најавија дека ќе продолжат со воена помош за Украина, додека претседателот Емануел Макрон најави дека оваа помош нема да биде испратена во Украина за да ја нападне Русија, бидејќи не се во конфликт со таа земја.