„Силно го осудуваме планот да се одржи таканаречен референдум за приклучување кон Руската Федерација на украинските области делумно контролирани од Русија“, се вели во соопштението на Северноатлантскиот совет, тело составено од амбасадори на земјите-членки на НАТО.
Русија најави одржување референдуми во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Членките на НАТО нагласуваат дека никогаш нема да ја признаат нелегалната и нелегитимна анексија на украинска територија. „Тоа е украинска територија. Ги повикуваме сите земји да ги отфрлат очигледните руски обиди за освојување на територијата“, се вели во соопштението.
Во соопштението се отфрла и „неодговорната нуклеарна реторика“.