„Очигледно е уцена бидејќи тој (Путин) има такво (нуклеарно) оружје и опасноста е секогаш присутна. Тоа е начин на притисок во тешко време на војна“, рече Макрон.
„Наша должност е да и помогнеме на Украина како што правиме, да ја заштитиме нејзината територија, а не за да може таа (Украина) да ја нападне Русија. Ние не сме во војна со Русија“, изјави Макрон за француската онлајн телевизија BFMTV.
Според него, целта е Украина да може да се спротивстави, да си го врати суверенитетот, а Русија да седне на преговарачка маса. Францускиот претседател најавата на Русија за мобилизација на резервистите и заканата од употреба на нуклеарно оружје ја оцени како уцена.