Русите не треба да бегаат од мобилизација, туку да се борат против војна.
Естонија нема намера да им даде засолниште на Русите кои сакаат да избегнат делумна мобилизација и им предлага да се вклучат во антивоени активности во нивната земја, изјави премиерката Каја Калас.
– Овде прифаќаме украински бегалци од војната. Секој граѓанин е одговорен за постапките на својата земја, а тоа важи и за граѓаните на Русија, затоа не даваме никакво засолниште. Ова не е причина да им се даде засолниште на Русите кои бегаат од земјата. Треба да излезат и да кажат дека се против таа војна – изјави Калас за Си-Ен-Ен.
Естонија, заедно со соседите во балтичкиот регион, претходно ги затвори своите граници за Русите.