Овен
Љубов:
Бидете упорни пред партнерот, не ги потиснувајте вашите емотивни желби и потреби.
Работа:
Вашите зборови не се доволна гаранција да оставите позитивен впечаток кај личноста која одлучува за деловните интереси.
Здравје:
Нема причина да се оптоварувате со непотребни сомнежи.
Бик
Љубов:
Избегнувајте предизвици или личност која има различни афинитети. Понекогаш е невозможно да се помират различните спротивности.
Работа:
Доколку премногу се потопувате во улогата на „дежурен критичар“, ве очекуваат негативни реакции. Бидете реални во вашите проценки.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.
Близнаци
Љубов:
Тешко ви е да разберете нечии емотивни намери. Внимателно ја анализирате љубовната врска, но ви недостасуваат конкретни одговори.
Работа:
Имате добри идеи, но понекогаш е тешко да се процени конечниот исход во деловните преговори. Постапувајте според вашите морални принципи.
Здравје:
Избегнувајте ривалство и конфликтни ситуации.
Рак
Љубов:
Во средбата со саканата личност, осмислете забава што одговара на вашите заеднички потреби и вкусови. Посакувате емотивно зближување.
Работа:
Ако се грижите за подобрување на односите со деловните партнери, прифатете нечиј совет и сменете ја стратегијата.
Здравје:
Важно е да се усогласат мислите и чувствата.
Лав
Љубов:
Ви недостига нечие присуство или емоционална стимулација. Премногу сте преокупирани со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност.
Работа:
Важно е добро да се организирате и да го почитувате деловниот договор во предвидениот рок.
Здравје:
Треба да постигнете психолошка рамнотежа.
Девица
Љубов:
Некој на погрешен начин ги објаснува вашите емоционални превирања. За жал, вашите оправдувања имаат спротивен ефект.
Работа:
Идејата што ја имате не треба да се истакнува како најдобро деловно решение, трпеливо чекајте нечија поддршка.
Здравје:
Изгледате напнато, опуштете се од непотребните грижи.
Вага
Љубов:
Во приватниот живот бидете доволно внимателни во изјавите и воздржани во однесувањето пред партнерот.
Работа:
Евентуалниот конфликт со една личност може да прерасне во непријатна ситуација или во деловно-финансиска загуба.
Здравје:
Посветете ги вечерните часови на омиленото хоби, опуштете се.
Скорпија
Љубов:
Поставувањето прекумерни барања кон партнерот носи негативен ефект. Некому му пречи вашето импулсивно однесување.
Работа:
Нема причина да се докажувате пред луѓе кои применуваат различни правила или деловни критериуми.
Здравје:
Во вечерните часови ќе ви годи релаксација.
Стрелец
Љубов:
Објаснете му на партнерот дека ве поврзуваат слични желби и афинитети и дека не треба да се двоумите пред заедничкиот предизвик. Проверете ја вашата среќа.
Работа:
Чувствувате креативна инспирација и позитивно влијаете на вашата околина. Важно е да се вклучите на различни страни.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.
Јарец
Љубов:
На моменти делувате мистериозно, но партнерот нема доволно интерес или волја да ги открие вашите мисли.
Работа:
Способни сте да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите настаните во насока што носи практични резултати.
Здравје:
Зрачите со позитивна енергија и добро расположение.
Водолија
Љубов:
Внимателно ја анализирате саканата личност, но не можете да ги усогласите различните аспирации и интереси кои ве разделуваат.
Работа:
Оптоварени сте со нови деловни планови. Премногу темпераментно реагирате во ситуации кога треба да покажете дипломатски манири.
Здравје:
Различните видови на забава позитивно влијаат на вашето расположение.
Риби
Љубов:
Искрените емоции секогаш имаат лековито дејство, задржете го вашето внимание на саканата личност. Уживајте во вашата заедничка среќа.
Работа:
Понекогаш треба да се користат различни мерки на претпазливост. Доволно сте разумни за да ги заштитите вашите деловни интереси во критични ситуации.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација, опуштете се.