Треба да бидеме подготвени за зголемување на цените на храната, рече тој
– Руската… војна предизвика глобална криза на повеќе нивоа која најмногу ги погоди земјите од глобалниот југ… Годината што доаѓа може да биде уште потешка во однос на поскапувањето на енергенсите, вештачките ѓубрива. Исто така, треба да бидеме подготвени за зголемување на цените на храната, рече тој, говорејќи на Глобалниот самит на ОН за храна.
Шолц ги нарече и „руски дезинформации“ тврдењата дека најголемиот дел од украинското жито извезено од пристаништата на Црното Море како дел од договорот за храна ги заобиколува земјите во развој и земјите со економии во транзиција.