24.8 C
Skopje
четврток, септември 7, 2023

Милановиќ: Ситуацијата е „ужасно опасна“ и проблемот е што Русија не е економски разбиена

Милановиќ: Ситуацијата е „ужасно опасна“ и проблемот е што Русија не е економски разбиена.

„Од почетокот предупредив дека ова е ужасно опасна ситуација. А за нуклеарното оружје, Путин го повторува тоа одвреме-навреме, и јас не го гледам тоа како главен проблем во моментов, но го гледам проблемот што Русија е не е економски скршена, а требаше да биде за неколку месеци“, изјави Милановиќ на новинарите во Загреб на прашањето за говорот на Путин и заканите со нуклеарно оружје.

Тој додаде дека сето тоа „му дава политички простор на Путин дома, му дава време да го направи следниот чекор на кој можеби не сметал, но има простор за маневрирање“.

„Ова сигурно ќе продолжи уште некое време. Ние го имаме на едната страна, Западот, кој се бори против Русија на украинска територија, и Русија, која ја нападна Украина и од нејзина перспектива, не смее да ја изгуби таа војна. И тоа е во таа приказна најопасно“, рече хрватскиот претседател.

На прашањето дали Хрватска има план во случај на нуклеарна војна, Милановиќ одговори дека Хрватска „нема нуклеарно оружје, не е нуклеарна сила“ и дека не учествува во носењето на клучните одлуки.

„Влеговме во НАТО со примарна цел и мислејќи дека Американците ќе не заштитат од варварството и упадите на оние со кои имавме проблем во историјата, а тоа е Белград“, изјави хрватскиот претседател.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img