spot_img
17.8 C
Skopje
четврток, септември 22, 2022
spot_img

Ковачевски на Колумбија Универзитетот: ЕУ интеграција до 2030 година, за побрз економски и општествен развој

Европската Унија и Соединетите Американски Држави се единствените две заедници на држави каде што постои демократија и право на критичко размислување за секој човек, економски просперитет и социјална правда, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашања од студентите на Колумбија Универзитетот. Премиерот Ковачевски посочи дека унапредувањето на демократијата, правото на критично размислување и економскиот развој, се клучните фактори кои можат да го спречат одлевањето на квалитетни кадри од државата.  

„Кога ќе направиме држава со демократија, со право на критично размислување и со економски просперитет, со социјална правда, тогаш луѓето ќе почнат да се враќаат во регионот. Во спротивно луѓето ќе си одат од регионот. Бугарија е земја членка на ЕУ, но сепак сѐ уште имате бугарски професори тука, Романија е членка на ЕУ, Полска е земја членка, ајде да ги видиме бројките на излевањето на мозоци таму, не мислам дека се нешто поразлични од Северна Македонија, Србија и Албанија, исти се, зошто, затоа што нивото на економски просперитет сѐ уште не е достигнато. Ние мора да го достигнеме тоа ниво. Економиите растеа 2% годишно, со тоа движење никогаш нема да ја постигнеме целта, нашите економии мора да растат за 6% на годишно ниво за да го постигнеме тоа ниво, тоа е одговорот. За да го постигнеме тоа ниво мора да ги вклучиме бизнисите и инфраструктурните проекти кои што растат 6% на годишно ниво“, рече премиерот Ковачевски.  

При тоа, премиерот Ковачевски посочи дека правилните политики за унапредување на демократијата, за економски и социјален напредок ги забрзуваат интеграциите за полноправно членство во ЕУ.

„Членството во ЕУ е административно многу мачен процес и операција која треба да се спроведе, за што ние како држава имаме голем преговарачки тим. Можеме да го завршиме скринингот на државата за 14 месеци и ако сега се оди по предвидувањата кои ги имавме кога ја правевме преговарачката рамка, сигурен сум дека до 2030 година Северна Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ. И ова ќе  биде одлично за регионот“, истакна премиерот Ковачевски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести