Кина повика меѓународната заедница да ја спроведе Иницијативата за глобална безбедност.
Кинески функционер ја повика меѓународната заедница да ја спроведе Иницијативата за глобална безбедност и да практикува „вистински мултилатерализам“, објави денеска China Media Flu (CMG).
Мултилатерализмот е основен концепт на постојниот меѓународен поредок, ефикасен начин за одржување на мирот и унапредување на развојот, рече функционерот за време на експертскиот панел на 51-та редовна сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации.
-САД и некои западни земји фабрикуваа лажни информации за политички цели, се мешаа во внатрешните работи на други земји под изговор за човекови права и злоупотребија принудни еднострани мерки, рече делегатот, додавајќи дека таквото однесување сериозно ги нарушува принципите и целите на Повелба на Обединетите нации.