1.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Зеленски: Не верувам дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје

Не верувам дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје , посочи Зеленски.

Во изјава за германски „Билд“, Зеленски бара Западот да не дозволи Путин да ги уценува.

Според Зеленски, делумната мобилизација покажува дека Русија има „проблеми со офицерите и другиот воен персонал“.

Тој (Путин) гледа дека неговите единици едноставно бегаат. Путин сака да ја удави Украина во крв, но и во крвта на сопствените војници“, рече претседателот на Украина.

Украинскиот претседател не беше вознемирен од заканата на Путин и тој не планира да се откаже од повторното заземање на териториите окупирани од Русија.

„Ќе постапиме според нашите планови чекор по чекор. Сигурен сум дека ќе ја ослободиме нашата територија. Референдумите се лажни референдуми и 90 отсто од земјите нема да ги признаат“, посочи Зеленски.

За индиректната закана на Путин за употреба на нуклеарно оружје, Зеленски рече дека не верува во тоа.

„Не верувам дека ќе користи нуклеарно оружје. Мислам дека светот нема да му го дозволи тоа. Но, не знаеме што се случува во неговата глава, така што има одредени ризици“, посочи Зеленски.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img