spot_img
11.8 C
Skopje
четврток, септември 22, 2022
spot_img

Продолжуваме со заштита на природата, идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна

Денеска во Тетово, во подножјето на Шар Планина се во држа настан за официјално започнување на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“.

Во поздравното обраќање, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека продолжуваме со активностите за заштита на природата. Овој пат преку имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, кои се основните правни механизми за воспоставување на eвропската еколошка мрежа Натура 2000, како и за подготовка и имплементација на регулативата CITES за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора.

– До сега имаме идентификувано 12 потенцијални Натура 2000 подрачја, а новиот IPA проект овозможува да продолжиме со идентификацијата и утврдување и на други,  со што во делот на заштита на природата ги остваруваме нациолните интереси, но и се подготвуваме за влез во ЕУ. – рече Нуредини.

– Со задоволство ја започнувам оваа иницијатива денес – уште еден пример за практичната поддршка што ЕУ и ја дава на Северна Македонија. Во овој случај, ние и помагаме на земјата да ја подобри заштитата и зачувувањето на природните живеалишта и дивиот свет, а во исто време ја подготвуваме за членство во ЕУ и учество во Натура 2000 – најголемата и најуспешната мрежа на зачувани области во светот. Оваа иницијатива ќе ги обедини напорите на националните и локалните власти, граѓанското општество, како и локалните заедници, – изјави шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот  Дејвид Гир.

На настанот зборуваше и директорот на националниот парк Шар Планина Ибрахим Дехари, кој истакна дека  новиот национален парк полека, но сигурно ги поставува темелите на успешно функционирање, а можноста да биде идентификуван како  идно НАТУРА 2000 подрачје и воспоставување на правната регулатива за спречување на меѓународната трговија со загрозени диви видови на флора и фауна, во големa мера ќе го олеснат вградувањето на европските стандарди во развивањето на националаниот парк.

Целите на проектот ги презентираше тим лидерот на проектот, Даниел Богнер исткнувајќи дека успешната имплементација во голема мера зависи од вклучувањето и успешното  дискутирање на проектните резултати со сите засегнати страни.

Проектот се состои од две компоненти: Компонента за Натура 2000 и Компонента за CITES.

Главниот дел во компонентата за Натура 2000 е работа на терен во целата држава за проценка на повеќе од 20 потенцијални подрчја. Теренската работа ќе биде поддржана со податоци од далечинско истражување и посебен, веб-базиран ГИС софтвер за соодветно управување со податоците за живеалиштата и видовите. Ќе се организираат обуки и работилници за јакнење на административниот капацитет. Покрај тоа, ќе се обезбеди програма за информирање на јавноста за Натура 2000.

Целта на компонентата за CITES е да се постигне целосна усогласеност на националното законодавство со Регулативата и конвенцијата CITES на ЕУ за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора. Ова ќе се направи преку проверка на усогласеноста на постојните правни акти со кои се уредува заштитата на природата и преку изготвување на ново/ ревидирано законодавство. Ќе се програмира посебен софтвер за издавање дозволи за трговија.

Корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање и истиот ќе трае до декември 2024 година. Проектот го спроведува НИРАС со партнерите: Македонско еколошко друштво (МЕД), ФАРМАХЕМ, Полското здружение за заштита на птици (Stiching Birdlife Europe) и организацијата за далечинско истражување и трансфер на технологии EFTAS (Remote Sensing and Transfer of Technologies).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести