-3.2 C
Skopje
среда, јануари 11, 2023

СТРАШНО: Гром удрил во авион при слетувањето

„Токму кога се приближувавме до Загреб и требаше да слетаме и ги минавме облаците, гром удри во авионот. Одеднаш се појави сина светлина и имаше силен удар, како да сте се судриле“, рекол патник кој бил на тој лет. Во тој момент настанала паника, а патникот вели дека се слушнале врисоци. -Кога сфатија што се случи, се смирија. И покрај турбуленциите, набрзо успеавме да слетаме“, додаде тој.

Портпаролот на Кроација Ерлајнс Давор Јанушиќ официјално потврдил дека авионот бил погоден од гром. – „Пред слетувањето, капетанот пријавил дека имало удар на гром. Авионот е детално прегледан и не е констатирана штета и повторно ќе биде пуштен во сообраќај според планираното – рече тој. – Во однос на безбедноста на патниците, авионот е произведен и конструиран според принципот на Фарадеев кафез, односно како единствена челична мрежа, што значи дека штити од поголеми оштетувања при удар на гром бидејќи електричната енергија се пренесува во атмосферата со статички средства.” додаде тој.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img