Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека се што Заев најави сега Ковачевски го реализира.
– Заев и Пендаровски по него го продадоа Делчев, а сега Ковачевски го официјализира. Договорот, кој требаше да се поништи на референдум е плод на сите негации на Македонија. Со договорот со Бугарија се негира историјата и нашиот идентитет, а тоа станува услов за влез на државата во ЕУ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се посочува дека со договорот, буквално мора да се прифатат бугарските гледишта на историјата, ако сака државата да влезе во ЕУ.
– Првин власта почна со распродавање на светите браќа Кирил и Методиј, па Цар Самоил, па светите Климент и Наум, а сега на ред е и Гоце.
Потенцираат дека Ковачевски знаеше дека сето ова ќе беше поништено на референдум и затоа избега. Но не може да избега од казната од народот, која доаѓа на избори.