spot_img
9.8 C
Skopje
четврток, септември 22, 2022
spot_img

Еве зашто Меси не може да се всели во новата куќа на Ибица за која плати 11 милиони евра

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, аргентинскиот волшебник Лионел Меси не може да се всели во новата куќа за која плати 11 милиони евра. Ѕвездата на ПСЖ, купи вила на Ибица вредна 11 милиони евра, но веднаш се соочи со неочекувани проблеми.

Капитенот на Аргентина купил имот на западниот брег на Ибица од швајцарскиот бизнисмен Филипе Амон, а според угледниот шпански весник „Periodico de Ibiza“, договорот за купопродажба бил финализиран на 3 февруари.

Но, како што тврди споменатиот весник, вилата има проблеми со легализацијата и се уште ја нема добиено потребната употребна дозвола.

Документ издаден од агенцијата за локална градска самоуправа со кој би се потврдило дека вилата е во оптимална состојба за живеење.

Проблемите со легализацијата се поврзани со доградбата на неколку соби во гаражата на имотот, кои се појавија пред купувањето на Меси, пишува весникот.

Адвокатот што го застапува седумкратниот добитник на „Златната топка“ сега е во разговори со претставници на локалната градска власт во обид да се реши проблемот со употребната дозвола за вилата.

Меси најверојатно ќе мора да ги урне просториите кои не биле дел од првичните планови во новоизградениот имот за да добие согласност за легализирање на имотот.

„Периодико де Ибица“ известува дека и покрај проблемите, Меси со семејството летово престојувал некое време во новиот дом на Ибица

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести