10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

На 3 септември 2022 година (сабота) на Спортскиот аеродром Стенковец ќе се одржи обука за пинг-понг за луѓе со попреченост

На 3 септември 2022 година (сабота) на Спортскиот аеродром Стенковец ќе се одржи обука за
пинг-понг за луѓе со попреченост.
Обуката е во организација на Здружение на лицата со параплегија и квадриплегија „Без
Ограничувања“ и Аероклубот Скопје.
Во Пинг – понгот за луѓе со попреченост важат спортските правила правила со тоа што
спортистите без попреченост ја симулираат попреченоста на противникот. На пример, доколку
едниот е во количка другиот игра седејќи на стол.
Овој вид на вежбање ги подобрува когнитивните вештини и менталната сила и е многу
корисен и забавен за деца/луѓе со интелектуална или физичка попреченост.
Настанот не е ограничен единствено на лица со попреченост, бидејќи нашата цел и мотив е
комплетно вклучување на сите заинтересирани во овие спортски активности.
Настанот е од отворен тип и не е потребна претходна најава за присуство.

Агенда
9:00 Пристигнување на учесниците
9:00 – 10:00 Основи на играње на тенис на маса (пинг-понг)
10:00 -11:00 Вежби во групи
11:00-12:00 Мини турнир

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести