15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

Раст на цената на нафтата на светските берзи

На лондонскиот пазар цената на барелот денеска изнесуваше 94,98 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше по цена од 89,10 долари.

Расположението за тргување на берзите вчера беше придушено поради стравувањата од глобална рецесија во оглед слабите податоци за активностите во секторот на недвижнини во САД и забавувањето на економската активност во Кина последица на строгата политика на нулта толеранција за Ковид-19. Сепак, трговците се охрабрија од извештајот за пад на нафтените залихи на САД за 7,1 милиони барели, како и за рекордниот извоз на нафта од пет милиони барели дневно.

Поддршка на денешната повисока цена на нафтата дадоа и предупредувања дека европската забрана за увоз на руска нафта и деривати би можела драматично да ја намали понудата. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести