25.8 C
Skopje
понеделник, септември 4, 2023

Нови 1,5 милијарди евра воена помош за Украина

Оваа сума е договорена од група од 26 земји на конференцијата во Копенхаген, а ќе се користи за испраќање оружје, проектили и муниција, зголемување на производството на оружје за Украина, обука на војници и деминирање области погодени од војната.

„Ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина во нејзините воени потреби“, рече Бодсков на крајот од конференцијата на европските министри за одбрана на која се разговараше за долгорочната помош на Украина во борбата против руската инвазија. Министрите за одбрана на Полска, Словачка и Чешка ја сигнализираа својата подготвеност нивните земји да го прошират производството на артилериски системи, муниција и друго оружје поради Украина.

Велика Британија, која веќе донираше напредно оружје за Киев и обучи илјадници Украинци, денеска објави дека ќе ѝ даде на Украина помош во вредност од уште 300 милиони евра, која вклучува повеќецевни ракетни системи и прецизни ракети М31А1, кои можат да погодат цели до 80 километри.

„Претседателот Путин мислеше дека до август ќе се измориме од овој конфликт и дека меѓународната заедница ќе тргне во друга насока. Денеска е докажано спротивното“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас. Украина претходно овој месец објави дека добила високопрецизно тешко оружје од Германија и САД.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img