24.8 C
Skopje
недела, мај 7, 2023

Естонија следната недела ќе ги затвори границите за руските граѓани со шенген визи

Естонија следната недела ќе ги затвори границите за руските граѓани со шенген визи издадени од таа земја, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу.

– За една недела ќе се применат санкции за шенген визите што ги издава Естонија на граѓаните на Русија. Санкцијата значи дека визите ќе останат валидни, но носителите на визи ќе бидат санкционирани при влез во Естонија, односно ќе им биде забранет влезот – рече Реинсалу на прес-конференцијата.

Тој изјави дека вработените во дипломатските претставништва во Естонија и членовите на нивните семејства, лицата кои се занимаваат со меѓународен карго и патнички транспорт и оние кои имаат право на слободно движење според правото на ЕУ ќе бидат ослободени од санкции.

Од санкциите ќе бидат изземени и лицата чиј влез во Естонија е неопходен од хуманитарни причини, блиските роднини на естонските граѓани и оние кои имаат дозвола за постојан престој во Естонија.

Естонскиот премиер Каја Калас во вторникот рече дека е неопходно да се прекине издавањето туристички визи за руските граѓани и ја нарече посетата на Европа „привилегија, а не човеково право“.

По почетокот на војната во Украина, некои европски земји предложија да се ограничи издавањето шенген визи за Русите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред два дена ги повика западните земји да забранат влез на сите Руси на една година. Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека најважни санкции се затворањето на границите затоа што „Русите ја одземаат туѓата земја“.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img