15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

СТРАШНО: Девојка била силувана во јавен тоалет во центарот на Париз

Девојката била силувана кога таа и нејзиното момче биле покрај реката во саботата вечерта, во центарот на туристичкиот кварт на Париз, недалеку од катедралата Нотр Дам, пренесува Гардијан. Многу туристи и парижани одат таму на пијачка или пикник.

Во еден часот по полноќ, 27-годишната девојка отишла во јавниот тоалет во близина на мостот Луј-Филип. Тоалетот се наоѓа во близина на локалните локали и е дел од новите објекти поставени пред шест години кога беа забранети автомобили во областа покрај реката.

Локалниот весник Le Parisien објави дека партнерот ја чекал девојката во близина на тоалетот, но се загрижил бидејќи таа долго се задржала. Тој се приближил до тоалетот и слушнал плачење, а потоа ја видел својата партнерка.

Чуварите во областа дошле на помош, а полицијата го уапсила мажот, кој живее во населбата Асниер-сур-Сен во близина на Париз. Во првите разговори во полиција тој го негирал силувањето и рекол дека жената се согласила на сексуален однос.

Девојката веднаш била префрлена во болница во Париз. Откако дала изјава во полиција, таа и нејзиниот партнер одлетале назад во САД.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести